Многу повеќе се очекуваше од Тимо Вернер.
Германецот е платен 60 милиони евра, што е премногу за пет голови на 28 натпревари. Поранешниот напаѓач на Лајпциг би можел после само една сезона да го напушти Стемфорд Бриџ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јасно е дека Абрамовиќ не може да ги врати вложените пари, но за Вернер и натаму постои интерес. Според пишувањата на англиските медиуми напаѓачот е мета на Јувентус и Барселона. Двајта тима се во потрага по напаѓачи, а од друга страна Тухел добиените пари може да ги искористи за понуда за Ерлинг Халанд.
За Норвежанецот владее голем интерес, неговата летна цена изнесува 180 милиони евра. Доколку Борусија не се пласира во ЛШ јасно е дека Халанд полесно ќе донесе одлука да ги напушти „Милионерите“.