Дома Трансфер зона Сезоната само што не почнала, а Дибала уште нема клуб – какви се опциите?

Сезоната само што не почнала, а Дибала уште нема клуб – какви се опциите?

Пред само две години Паоло Дибала беше најдобар фудбалер во италијанската Серија А, денес аргентинскиот офанзивец е без клуб иако сезоната на Апенините започнува точно за еден месец.

Дибала на крајот на минатата сезона се прости од Јувентус, откако не успеа да се договори за продолжување на соработката. Аргентинецот беше еден од милениците на „бјанконерите“, освои пет Скудета со Јувентус, играше финале во Лигата на шампионите и остави длабока трага на „Алијанц стадионот“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се очекуваше 28-годишникот брзо да пронајде нов клуб, но тоа никако не се случува. Интер беше блиску до потписот на Дибала, но на крајот Симоне Инзаги се насочи кон Един Џеко и Хоакин Кореа и Дибала беше оставен на чекање.

Се споменуваше Челзи, но во Лондон се одлучија за Рахим Стерлинг од Манчестер Сити додека Милан загриза за Хаким Зијеш. Така на Дибала му пропаднаа најдобрите три опции и според италијанските медиуми му останаа уште две пристојни – Рома и Наполи.

Жозе Мурињо го сака Дибала во Рим, но не може да му ја понуди платата која ја имаше во Јувентус која изнесуваше повеќе од седум милиони евра. Токму платата беше главната причина што не се договори со Јувентус, Дибала сакаше десет милиони евра по сезона. Сепак, во недостаток на подобри опции Аргентинецот би можел да ја прифати понудата од „Олимпико“.

Тука е Наполи кој чека шанса, со најверојатно продажбата на Кулибали за околу 40 милиони евра ќе си ги засилат своите финансии, имаат и адут со учеството во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…