Дома Фудбал Сезонава го добивме најлошиот тим во историјата на Ла Лига!

Сезонава го добивме најлошиот тим во историјата на Ла Лига!

Како што изгледа засега, Реал Мадрид веројатно нема да има вистински конкурент сезонава за титулата, посебно откако ја победија Жирона со 4:0 изминатиот викенд.

Барселона и Атлетико Мадрид не се на потребното ниво од самиот старт и веќе заостануваат, меѓутоа ако на врвот работите се колку толку неизвесни, судбината на еден тим е повеќе од јасна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алмерија освои само седум бода во досегашниот дел од сезоната и таа се очекува дабиде сигурен патник во втората шпанска лига. До ова 24. коло Алмерија стана и најлошиот тим кој играл во Ла Лига бидејќи се уште нема победа.

Тимот кој го води Гаритано е единствениот во историјата кој не запишал барем една победа од 24 одиграни рунди, а билансот на Алмерија е 7 реми средби и дури 17 порази.

Последната победа за Алмерија датира од мај кога славеше над Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…