Дома Македонски спорт Седум медали за каратистите на Макптерол на силниот интернационален турнир „Кроација Опен“

Седум медали за каратистите на Макптерол на силниот интернационален турнир „Кроација Опен“

МАКПЕТРОЛ СО ПЕТ ФИНАЛИЊА ВО ХРВАТСКА

Викендов во Риека, Хрватска се одржа интернационалниот карате турнир Кроација Опен. Со пријавени рекордни 1703 спортисти, од 233 клубови и 21 национални репрезентации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каратистите на Макпетрол од Скопје, заминаа со комбиниран тим на овој турнир. Приоритетно за сениорите беше да ја проверат својата форма непосредно пред настапот на светското првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец Ноември 2021 год во Дубаи УАЕ, а за јуниорите проверка пред европското првенство во Фебруари.

За Риека заминаа (8) осум спортисти од клубот сите репрезентативци на Македонија. Спортистите беа поделени во возрасни категории на сениори, јуниори и постари јуниори. Тие освоија вкупно седум медали од кои 5 (пет) сребрени и 2 (две) бронзени медали.

Спортисти кои учествуваа во Риека:

Петар Заборски опен категорија сениор и тренер на екипата – бронзен медал

Петар Спасеновски опен категорија сениори, – сребрен медал

Роберто Ацковски  -67 кг, сребрен медал

Мојсовска Ангела сениорка -68 кг, сребрен медал

Викторија Јовановска сениорка -68 кг,

Витомир Трајковски јуниор -76 кг,

Стефан Стојанович  јуниор -76 кг. сребрен медал јуниори ,и  сребрен медал за У21

Многу ќе жали Глигор Петков (Макептрол) во категоријата до 84 килограми, бидејќи и борбите и за финалето и за бронзата ги загуби на изјаснување, кои завршија 0-0 во регуларниот дел.

и Викторија Јовановска (Макпетрол) имаше забележителен настап со три последователни победи, таа во клучните борби беше поразена, најнапред за влез во финалето се сретна со Ана Ленард најдобра Хрватска каратистка европски првак и после беше поразена и во репасажот за бронзениот медал.

На Меѓународен карате турнир „Корација опен” во Риека, Хравтска, поточно  вториот ден во помладите возрасни категории европскиот првак Стефан Стојановиќ (Макпетрол) го освои сребрениот медал во категоријата над 84 килограми во У-21 откако во финалето зауби од Словакот Томаш Коса, додека пак Глигор Петков (-84кг, Макпетрол) се закити со бронзата во истата конкуренција.

Второто финале за нашиот актуелен европски првак Стефан Стојановиќ (+76 кг, Макпетрол) го оствари во финалето кај јуниорите и се бореше со Макс Фајербах од Хрватска загуби со резултат 2-3.

„Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен интернационален турнир. Тоа што се одржува непосредно пред почетокот на светското сениорско првенство кое треба да се одржи во Дубаи, затоа повеќе држави дојдоа со своите сениори и направија извонредна контрола на моменталната форма, тоа го направивме и ние. Како клуб со нашите репрезентативци освоивме вкупно седум медали и поради тоа сме многу задоволни, имавме дури пет финалиња со по четири последователно добиени борби од страна на нашите спортисти. Сениорските репрезентативци: Петар Заборски, Петар Спасеновски и Ангела Мојсовска покажаа добра форма и голема борбеност. Сакам да истакнам и тоа дека нашиот актуелен европски јуниорски првак, на овој турнир направи вкупно 10 борби. Учествуваше во две финалиња и кај јуниорите, но ние го при(јавивме и во (У21) постари јуниори бидејќи тој во месец Фебруари полни 18 години. Стефан Стојанович го потврди својот голем квалитет и освои две сребрени медали на овој силен турнир“ : изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…