Дома Фудбал „Седмицата“ воопшто не била негова желба, Асенсио откри кој број би сакал да го носи во Мадрид

„Седмицата“ воопшто не била негова желба, Асенсио откри кој број би сакал да го носи во Мадрид

asensio

Марко Асенсио, вчера донесе победа за Реал Мадрид во натпреварот против Еспањол и јасно е дека овој млад шпански играч оваа сезона ќе има повеќе простор за игра.

Асенсио важи за еден од најпреспективните млади играчи во Европа и од него многу се очекува. Во Мадрид во претходните две сезони немаше минутажа со кој можеше да биде задоволен, но тоа оваа сезона се промени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јулиен Лопетеги одлучи да му даде шанса да се докаже во стартниот тим, а Асенсио тоа го користи на најдобар можен начин.

Големо изненадување се случи во текот на летото кога Роналдо го напушти Реал. Во тој момент навивачите на „кралевите“ очекуваа токму на него да му биде доделена „седмицата“, сепак тоа не се случи, таа заврши во рацете на новото засилување Мариано Диаз.

Тогаш се појавија гласини дека Асенсио ја одбил понудата да носи „седмица“, но сега самиот фудбалер ги демантираше таквите шпекулации.

„Не ми бил понуден дресот со број седум. Никогаш не сум разговарал со клубот на таа тема и не сум имал прилика да се изјаснам. Бројот десет мене ми омилен, но сега е во добри раце, бидејќи Лука Модриќ е одличен играч. Сеапк, во иднина би можел и некогаш да го добијам“, изјави Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…