Утре Шкупи по пауза од една една година се враќа на стадионот во Чаир каде што во рамките од седмото коло ќе го пречека Борец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски е среќен што Шкупи се враќа на својот стадион и најави дека очекува одлична атмосфера.
„За натпреварот со Борец се подготвуваме максимално. В недела се враќаме на нашиот стадион во Чаир и среќен сум што ќе играме пред нашите навивачи. Ве повикувам да дојдете и да направиме подобра атмосфера, заедно да се бориме за трите бода“, изјави Седлоски.
Натпреварот е закажан за во 15:00 часот.
Фото: ФК Шкупи