Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Имам верба во играчите, можеме во следната фаза

Седлоски: Имам верба во играчите, можеме во следната фаза

Македонскиот првак Шкупи, утре на арената Тодор Проески во реванш дуелот од квалификациите во Лига Европа го пречекува ирскиот претставник Шамрок Роверс.

Шкупи има негатива од 3:1 од првиот меч, но тренерот Гоце Седлоски  верува дека негативата може да се надополни за пласман во следната фаза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имам верба во играчите. Кога играме вакви натпревари сигурно треба да бидеме 100% фокусирани. Жал ми е како примивме голови на првиот натпревар, но сега ќе почнеме од почеток. Играме против еден доста квалитетен противник. Гледате сами дека ирските екипи одат во следната фаза. Утре ние ќе се обидеме, со помош на навивачите кои ги повикувам да ни дадат поддршка, да направиме резултат кој не носи понатаму”, изјави Седлоски.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Порака од ракометарите пред реваншот против Фарски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги продолжи подготовките за реванш натпре…