Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез вчера не беше во конкуренција за пријателскиот натпревар помеѓу Барселона и Гимнастик.
Роналд Куман со тој потег уште еднаш даде до знаење дека нема да смета на Суарез, а тој може да си бара нов клуб. Суарез и Барса веќе неколку недели преговараат бидејќи Уругваецот сака раскин на договорот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Суарез најмногу се поврзува со трансфер во Јувентус, но не сака некој за него да плаќа обештетување туку бара раскин на договорот и како слободен играч да го напушти Камп Ноу.
Мундо Депортиво синоќа објави дека челниците на Барселона конечно донеле одлука да ја решат ситуацијата со Суарез.
Наводно, Барселона се согласила на раскин на договорот со Суарез, па Уругваецот без обештетување може да го напушти клубот. Дали ќе ја продолжи кариерата во Јувентус или некој друг клуб ќе дознаеме наскоро.