Новиот шпански првологаш Ваљадолид од денес е во сопственост на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдо.
Уште пред неколку дена медиумите отрија дека Роналдо е заинтересиран да го купи клубот, а денес и официјално стана сопственик на 51% од акциите на Ваљадолид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Поминав многу фудбалски фази во животот. Фудбалот е мојата страст, па затоа се одлучив на овој потег. Имаме одлилни можности да ги исполниме нашите цели, а нашата цел е да растеме од ден на ден“, изјави Роналдо.
Бразилецот откри дека ќе биде формиран одличен тим кој ќе го води клубот и се ќе биде транспарентно.
„Ги повикувам навивачите да учествуваат во проектот. Давајте ни идеи, мислења и критики. Сакам да бидете дел од сегашноста и иднината на Ваљадолид“, се обрати Бразилецот кон навивачите.
Нема официјални информации, но медиумите откриваат дека Роналдо платил 30 милиони евра за мнозинскиот пакет акции.