Дома Топ вести Сега и официјално: Државата го стопира трансферот на Обамејанг

Сега и официјално: Државата го стопира трансферот на Обамејанг

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг беше на чекор од трансфер во Кина и требаше да го облече дресот на Гуангжу Евергранде.

Сите медиуми потврдија дека трансферот е веќе договорен за сума од 72 милиони евра и се чекаше само официјализација на истиот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, поради правилата според кои клубовите ќе плаќаат данок од 100% на трансферот на постарите фудбалери, владиното тело на кинескиот фудбал испрати предупредување за тамошните прволигаши.

„ФС Кина е загрижена поради случувњата на трансфер пазарот. Доколку биде забележано било каков прекршок ќе има санкции, многу сериозно ќе ги применуваме правилата и регулациите“, соопштија од ФС Кина.

Кога се ќе се пресмета, понудата на Гвангжу од 72 милиони евра и 66 милиони евра кои би морале да ги платат како данок, но и платата од 20 милиони евра по сезона за четири години, доаѓаме до неверојатен износ од 258 милиони евра, што е навистина премногу.

Поради тоа денес Гуангжу преку официјално соопштение потврди дека дефинитивно се откажуав од ангажманот на Обамејнаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…