Дома Фудбал Останато Сега и кој знае дали некогаш повторно: „Делии“ му се поклонија на капитенот на Партизан (ФОТО)

Сега и кој знае дали некогаш повторно: „Делии“ му се поклонија на капитенот на Партизан (ФОТО)

За ривалството помеѓу Звезда и Партизан не треба да се трошат зборови, а поради тоа потегот на навивачите на Звезда во вчерашното 160-то „вечно дерби“ привлече огромно внимание од регионот.

Звезда на домашен терен го победи Партизан со 2:1. Меѓутоа она што привлекува најголемо внимание после натпреварот е паролата од страна на навивачите на Звезда за капитенот на Партизан, Саша Илиќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Во секој какол има по некое жито. Добар капитен на најлошиот тим. Саша Илиќ – живели“, гласеше паролата со која „Делии“ ја воодушевија Србија и регионот.

На овој начин тие покажаа дека знаат да ценат нешто кога е добро, па дури и кога во прашање е нивниот најголем ривал.

Ниту Саша Илиќ не остана рамнодушен и после неговото последно дерби им испрати благодарност.

„За мене ова е доказ дека иако минав толку години во Паризан секогаш бев коректен кон Звезда и нејзините навивачи. Не сум играч кој сака да провоцира, ова беше моето последно „вечно дерби“, тажен сум поради поразот и им благодарам“, порача легендата на Партизан после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историја: Светот го доби најмладиот светски шампион во шах – има само 18 години!

Домараџу Ѓукеш е светски шампион во шах. Тинeјџерот од Индија, кој оваа година стана полно…