Дома Трансфер зона Сега и дефинитивно: СЕ за иднината на Гризман ќе биде познато за најмногу – 12 дена!

Сега и дефинитивно: СЕ за иднината на Гризман ќе биде познато за најмногу – 12 дена!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и понатаму се наоѓа во центарот на шпекулациите бидејќи се уште не е познато дали и наредната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гризман неколку месеци наназад се поврзува со Барселона, а голем дел од шпанските медиуми тврдеа и дека работата е завршена и дека се чека само официјална потврда. Во Атлетико на сите начини се обидуваат да го убедат Гризман да остане, но изгледа дека тој е спремен за нови предизвици.

Иако oд Атлетико неодамна објавија дека Гризман за целата ситуација ќе се огласи по завршувањето на Мундијалот, како точна ќе се покаже најавата на напаѓачот од пред неколку недели дека се ќе биде познато пред почетокот на Светското првенство.

После вчерашниот натпревар против Италија, Гризман потврди дека неговата судбина ќе биде решена пред почетокот на Мундијалот.

„Да, се ќе биде решено пред почетокот на Светското првенство“, кратко порача Гризман.

Очекувањата се Барселона да ја активира клазулата во неговиот договор која изнесува 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…