Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сега го брани, но што зборуваше Тите за Нејмар пред шест години?

Сега го брани, но што зборуваше Тите за Нејмар пред шест години?

tite

Toгаш Нејмар, не беше добар пример за неговиот син.

Селекторот на репрезентацијата на Бразил по жестоките критики од јавноста со сите сили ја бранеше првата ѕвезда на тимот, Нејмар.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Нејмар добива огромен број критики од фудбалскиот свет поради неговиот стил на игра и честите обиди да изнуди прекршок.

Голема прашина се крена кога фудбалерот на Мексико малку го нагази Нејмар, а тој започна да прави вистинска драма и да глуми тешка повреда.
Тите по натпреварот застана во негова одрбана.

Сепак, во едно време Нејмар беше лош пример за синот на Тите.

Имено, Тите тогаш беше тренер на Коринтијас, а Нејмар играше за Сантос и беше тоа дерби на бразилскиот шамоионат, а по натпреварот сегашниот селектор на Бразил испрати критики до Нејмар.

„Победите и поразите се составен дел од фудбалот, но кога симулирате и на тој начин се обидувате да дојдете до предност, тоа не е составен дел од играта. На тој начин оставате лош пример за младите фудбалери како што е мојот син. Тој ќе го гледа сето ова и ќе мисли дека тоа треба да го направи за да стигне до предност“, изјави тогаш Тите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…