Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо долго време е мета на Барселона.
Каталонскиот тим во текот на летниот трансфер период се обиде да го ангажира овој фудбалер, но не успеа. И покрај нивните силни напори, Ливерпул успеа да го задржи Кутињо, но изглда дека тоа нема да биде случај и во јануарскиот трансфер период.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесува „Mundo Deportivo“, соиграчите на Кутињо од Ливерпул знаат дека тој ќе го напушти клубот во јануарскиот трансфер период и ќе се пресели во Барселона. Управата на Ливепрул, како и тренерот Јирген Клоп наводно ја разбираат ситуацијата во која се наоѓа Бразилецот и се одлучиле да ја почитуваат неговата одлука.
Без оглед на бројните шпекулации, за сега не е познато колку пари Барселона ќе одвои за овој играч, но се смета дека тоа сигурно нема да биде под 100 милиони евра со одредени бонуси со која би можело да се надмине таа цифра.
Потсетуваме, Кутињо и оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Ливерпул, бидејќи одигра 16 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет гола, со седум асистенции.