Вчера од Лондон се појави една тажна вест, Арсенал поради кризата ја отпушти маскотата на клубот „Ганерсаурс“ кој во клубот беше цели 27 години, но на крајот од денот Севиља израдува со веста дека го довеле во своите редови.
Арсенал отпушти дури 55 вработени, а меѓу нив се најде и Џерик Квај кој е познат по костумот кој го носеше. Навивачите беа бесни и порачуваа дека ваков потег е нелогичен кога во клубот седи Месут Озил и добива месечно 350.000 фунти за скоро ништо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Севиља на крајот се појави како спатил и му пружи прилика на „Ганерсаурс“ на Лондон. Диносаурусот така ќе „настапи“ во Лигата на шампионите оваа сезона. Ќе видиме дали за Квај ќе има место во клубот наредната сезона.
Dreams do come true. Welcome, @Gunnersaurus! ⚪️? #AnnounceGunnersaurus #DeadlineDay https://t.co/2xlJ0WWRnA pic.twitter.com/yxFDMr4yry
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) October 5, 2020