Дома Фудбал Италија Севиља испрати јасна порака до Рома!

Севиља испрати јасна порака до Рома!

Стивен Н’Зонзи сака да го напушти „Рамон Санчез Писуан“ ова лето.

Челниците на Севиља не сакаат да го пуштат својот играч за врска кој има уште две години договор со клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За продажбата на Французинот зборуваше и Хоакин Капарос, спортскиот директор на Андалужаните.

„Обете заинтересирани страни знаат што треба да направат, Н’Зонзи има желба да замине, но има уште две години договор со нас“, порача Шпанецот.

Она што би можело да го истурка трансферот е самиот играч.

„Играчот кој се наоѓа на пазарот и кој сака да го промени клубот би морал да донесе и некои понуди од заинтересирани клубови. Во спротивно останува да го испочитува својот договор до крај“, заврши Капарос.

Се е изгледа на самиот играч кој Рома го означи како главна мета и засилување за својот дел од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тен Хаг заминува, Јунајтед има листа од тројца тренери

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе се раздели со тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат мед…