Дома Фудбал Севиља го избра наследникот на Сампаоли

Севиља го избра наследникот на Сампаоли

Едуардо Берицо, кој по завршувањето на сезоната во Ла Лига ја напушти Селта, ќе биде новиот тренер на Севиља, односно ќе го наследи сонародникот Хорхе Сампаоли, кој стана селектор на Аргентина.

„Клубот и Берицо постигнаа договор. Тој ќе биде тренер на Севиља во наредните две години“, објави клубот од Андалузија.

Берицо со Селта играше полуфинале во Лига Европа, а во кариерата беше тренер на аргентинскиот клуб Естудијантес Ла Плата и чилеанскиот О’Хигинс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најпознатиот клуб ќе добие најнеобичен стадион во светот: Ќе се гради од посебен материјал

Бирмингем Сити планира изградба на нов стадион кој треба да стане еден од најинтересните с…