Двете последни репрезентации во групата Ц ќе играат меѓусебе во петок навечер, кога Северна Ирска ја пречекува Литванија на Виндзор Парк во Белфаст во нивниот претпоследен натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2022 година.
Северна Ирска во моментов е четврта во групата со пет бода од шесте досегашни натпревари, додека Литванија е на дното со три бода од нивните седум квалификациски натпревари и овој еч е последен за нив.
Очекуваа повеќе, но можат само до третото место
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Северна Ирска не се квалификувала на Светско првенство од 1986 година и тоа чекање ќе продолжи уште најмалку четири години, бидејќи се мачеше да остави свој белег во оваа квалификациска кампања. А имаа големи амбиции и очекуваа минумум третот место и евентуална борба со Швајцарија за битка во баражот, ако се знаеше дека Италија е апсолтен фаворит во групата.
Но тимот на Иан Баракло има само една победа, две нерешени и три порази од шесте натпревари во групата Ц, што ги остави на четвртата позиција.
Зелено-белите сè уште можат да завршат на третото место, бидејќи заостануваат само три бода зад третопласираната Бугарија, која одигра натпревар повеќе, но Италија и Швајцарија се удобно на првите две позиции, откако се покажаа како пресилни за останатите.
Северна Ирска имаше три натпревари без пораз во делот помеѓу 31-ви март и 8-ми септември, што вклучуваше импресивна победа од 1:4 на гостувањето кај Литванија на почетокот на септември.
Сепак, тимот на Баракло ги загуби двата квалификациски натпревари во октомври, претрпувајќи порази на гостувањата кај Швајцарија со 2:0 и Бугарија си 2:1.
Литванија со катастрофални квалификации
Во меѓувреме, Литванија победи на еден меч и загуби шест од седумте квалификациски натпревари за да се најде на дното со три бода. Тие постигнаа само четири гола и примија 18 гола овие квалификации.
Оваа селекција успеа да обезбеди изненадувачка победа од 3:1 на домашен терен над Бугарија на 9-ти октомври, но не можеше да го надогради резултатот откако три дена подоцна претрпе пораз од Швајцарија со 0:4 на домашен терен.
Литванија никогаш не се квалификувала на Светско првенство, и секогаш и било тешко во групите, но во последните години се очајни.
Избраниците на Валдас Иванаускас можат да се охрабрат за нивниот настап против Бугарија минатиот месец, но тие го загубија секој од последните шест натпревари на гостински терен во сите натпреварувања.
Литванија, како што споменавме, исто така беше поразена од Северна Ирска во септември со 1:4, со головите на Ден Балард, Конор Вашингтон, Шејн Лејвери и Педи Мекнер.