Реал Мадрид и Арсенал се договорија за нова едногодишна позајмица на Дани Себаљос и во секој момент се очекува само официјализација.
Себаљос минатата година ја помина на позајмица на „Емирати“ и ова лето требаше да се врати во Мадрид, но очигледно дека за него нема место во тимот на Зидан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Себаљос одби три понуди од шпански клубови бидејќи сакаше да остане во Арсенал, па двата клуба конечно се договорија.
Се очекува официјализација на трансферот за да се дознае дали Арсенал овој пат ќе има право на откуп на крајот на сезоната, бидејќи ова лето немаше таква можност.
Артета го убеди Себаљос да остане на „Емирати“ бидејќи Шпанецот игра важна улога во тимот на „топџиите“.