Денеска свечено ќе биде отворено 55-тото издание на Мавровскиот меморијал на кое ќе настапат најдобрите натпреварувачи во норидиско трчање на Балканот.
„Традицијата продолжува, но и остварувањето на нашата визија да се најдеме во европската и светската елита во нордиското скијање. Јас верувам дека ќе се покажеме како добри домаќини и организатори на овој настан, кој како ФИС натпревар е еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот. Токму затоа, Агенцијата за млади и спорт, секоја година финансиски и логистички ја поддржува организацијата на овој меѓународен традиционален спортски натпревар“, истакна Дарко Каевски директор на АМС.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На патеката „Мирна Долина“ ќе се одржат трки на пет километри за жени и 10 километри за мажи, како и детски трки на 2,5 километри.
Интересно да се напомене за Мавровскиот Меморијал е дека е дел од континенталниот куп во нордиско трчање и дека на истиот натпреварувачите се борат за освојување на FIS бодови.