Пјер-Емерик Обамејанг прави се за да се пресели во редовите на Арсенал.
Како што денес пренесува реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, Обамејанг ги договорил личните услови (должината на договорот и платата која ќе ја заработува во Лондон).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Габонецот се согласил на договор со важност до 2021 година и плата од 10 милиони евра по сезона.
Кога станува збор за оштетата кон Дортмунд се наведува и дека постои можност Венгер во трансферот да го вклучи и Оливие Жиру со цел полесно да ги убеди „милионерите“ кои за својот фудбалер бараат 60 милиони евра.
#BorussiaDortmund and #Aubameyang: all the details behind the breakdown ? https://t.co/MS9ZSoqixU
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 19, 2018