Денес спортските светски медиуми го слават згаснувањето на Суперлигата која се распадна само 48 часа откако беше официјално формирана од 12 европски клубови.
Прво грбот на Флорентино Перез му го свртија шесте англиски клуба, а потоа еден по почнаа да откажуваат и другите, за до овој момент официјално членови да останат само Барселона и Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во официјалното соопштение од Суперлигата се порачува дека тие не се откажуваат од планот и дека во иднина ќе се обидат да го реализираат со некои корекции.
Еве како најпознатите светски медиуми го пренесуваа распадот на Суперлигата: