Николај Јакобсен кој неодамна стана светски шампион со Данска со Рајн Некар ќе игра против Вардар во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јакобсен пред утрешниот натпревар кој се игра во 19:00 часот испрати пофалби до тимот на Вардар.
„Разочаран сум што го изгубивме првиот натпревар во Скопје. Одигравме добро, но таму е навистина тешко да се игра. Вардар игра добра сезона и ќе биде тешко и во овој натпревар. За нас проблем е што ќе играме без Штефен Фет и Јаспер Нилсен. Како и да е подготвени сме за овој натпревар“, изјави Јакобсен.