Дома Фудбал Светскиот шампион објави крај на кариерата, а три дена подоцна доби покана од Серија А

Светскиот шампион објави крај на кариерата, а три дена подоцна доби покана од Серија А

АЛЕХАНДРО ПАПУ ГОМЕЗ (35) остана без клуб откако на 1 септември го раскина договорот со Севиља.

Неодамна откри дека размислувал за крај на кариерата, но потоа добил повик од италијанскиот прволигаш.

Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога се во прашање трансферите, пренесува дека Монца се согласила да го доведе аргентинскиот напаѓач откако се повреди Џанлука Капрари.

Веќе е договорен термин за лекарски преглед. По шест кола Монца има шест бода и се наоѓа на 15. место во Серија А.

„Ја чекам вистинската прилика, ако не дојде, ќе се збогувам. Вложив сè во фудбалот и не сакам да го завршам сето ова со горчлив вкус“, изјави Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зенели ја сврте Селта: Два гола и промашен пенал во победата на Унион

Унион Сен Жилоаз славеше со 1-2 на „Балаидос“, а Бесфорт Зенели го режираше пресвртот со д…