Дома Трансфер зона Саутемптон ја одреди цената за Ван Дајк, но кој ќе ја плати ОГРОМНАТА сума!?

Саутемптон ја одреди цената за Ван Дајк, но кој ќе ја плати ОГРОМНАТА сума!?

Холанѓанецот може да стане најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Вергилиј ван Дајк е цел на голем број европски гиганти, но Саутемптон нема да го пушти така лесно. Како што пренесуваат англиските медиуми, „Светците“ бараат дури 70 милиони фунти за одличниот стопер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Саутемптон е во позиција да заработи многу пари од продажбата на својот играч, со оглед на тоа што за играчот се заинтересирани Манчестер Сити, Челзи, Ливерпул и Арсенал.

Во овој момент, најблиску до потписот на споменатиот играч е клубот од „Етихад“, но не е исклучено понудата да биде зголемана од погоре споменатите клубови.

Во овој случај, Ван Дајк би можел ова лето да стане најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот и така да го сруши рекордот на Џон Стоунс кој минатото лето од Евертон се пресели во Сити за рекордни 50 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…