Наскоро продолжуваат квалификациите за Европското првенство 2024 години, а во јунскиот циклус репрезентацијата на Англија ќе игра и против Македонија.
Селекторот Саутгејт вчера го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за овој циклус и на него беше Хари Мегваер кој констатно добива критики од јавност. Мегваер сезонава само седум патни беше во почетниот состав на Манчестер Јунајтед во премиерлигашките натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ваквата ситуација не може да продолжи засекогаш. Ист е случајот и со Калвин Филипс. Тие за нас се важни за нас. Калвин е еден од ретките кои може да игра позицијата централен играч за врска. Ситуацијата е се повеќе загрижувачка како што времето поминува.
Ги имаме Марк Гуеи, Луи Данк, Тајрон Мингс..Тоа се играчи кои добро играат, иако немаат искуство со играње во европскиот и репрезентативен фудбал. Мораме да бараме конкуренција во одбраната“, изјави Саутгејт.
Мегваер е на излезни врати од Манчестер иако му истекува договорот во 2025 година. Кон крајот на март тој ги одигра двата квалификациски натпревари во стоперски пар со Стоунс.