Aлександар Чеферин демантираше, но сега медиумите во Саудиска Арабија се убедени и тврдат дека се е завршено и Ал Наср ќе добие покана за настап во Лигата на шампионите за сезоната 2024/2025.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Информацијата доаѓа од саудиските медиуми и не е потврдена, меѓутоа на големо се пишува дека Ал Наср сигурно ќе добие вајлд-карта. Идната сезона се менува форматот на Лигата на шампионите и во неа ќе учествуваат 36 место, 32 екипи, една од оние кои би добиле покана би бил Ал Наср.
Доколку овие информации се точни УЕФА ќе го прекрши дадениот збор дека клубови од Саудиска Арабија нема да учествуаат во нејзините натпреварувања. Претседателот Чеферин ваквите најави кои се појавуваа претходно ги демантираше пред само неколку месеци, останува да видиме дали нешто се променило во меѓувреме.
Се поставвува и прашањето како Ал Наср е избран да учествува бидејќи тие минатата сезона не беа ниту шампиони, додека сезонава имаат четири бода помалку од лидерот Ал Хилал.