Дома Фудбал Саудијците го исвиркуваа Крос. Германецот им врати со ХИТ одговор

Саудијците го исвиркуваа Крос. Германецот им врати со ХИТ одговор

Тони Крос во игра влезе во 67. минута наместо Лука Модриќ во полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп (Реал – Атлетико 5:3) одигран во Ријад, Саудиска Арабија.

Оттогаш до крајот на натпреварот, секој пат кога Крос ќе ја допреше топката, од трибините се слушаа свирежи и навреди.

Крос и Анчелоти се изненадени од свирежите и навредите
По натпреварот тренерот на Реал коментираше на ова: “Не знам зошто го исвиркаа. Дури ни Тони не разбира што се случува”, изјави Карло Анчелоти.

Крос, пак, по мечот на Твитер објави саркастичен статус: „Ова беше забавно! Прекрасна публика“. Неговиот одговор до Саудијците е вирален, со околу 10 милиони прегледи и реакции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо му ја отвора вратата за заминување на Густо – ќе реагира ли Ливерпул?

Според новите информации, Мало Густо не е меѓу првите избори на Чаби Алонсо во Челси, а Ли…