Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го објави списокот од 23 играчи на кои ќе смета за Мундијалот во Русија.
Саудгејт со списокот ја подели јавноста на Островот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според мислењето на многумина најголемо изненадување е што на списокот го нема играчот за врска на Арсенал, Џек Вилшер. На негово место селекторот на Англија се одлучи да му даде шанса на играчот на Манчестер Сити, Фабијан Делф.
Навивачите во Англија веруваат дека Вилшер требало да добие предност во однос на фудбалерот на Манчестер Сити бидејќи беше во подобра форма во последно време.
Меѓутоа, Саудгејт не го делеше истото мислење, па Вилшер нема да биде дел од Светското првенство.
Медиумите на Островот денес објавија дека Саудгејт уште од пред два месеци одлучил Вилшер да не патува во Русија. Тоа било на пријателските натпревари против Италија и Холандија кои се играа во март.
Наводно, тој не бил задоволен од физичката форма на Вилшер и тоа било пресудно во одлуката Делф да добие предност.
Комплетниот список на Англија за Мундијалот можете да го погледнете ТУКА.