Дома Фудбал Англија Саудгејт: Подобро е списокот да биде соопштен порано

Саудгејт: Подобро е списокот да биде соопштен порано

Селекторот на репрезентацијата на Англија Герет Саудгејт најви дека веќе има замисли кој тим ќе го води во Русија на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Покрај тоа, Саутгејт истакна дека има намера списокот да го соопшти нешто порано со цел екипата да има подолг период да се припрема.

„Би сакал да го именувам тимот пред следниот пријателски натпревари бидејќи ќе имаме екипа која може да се воигрува и да ја спрема тактиката. Мислам дека сите ќе почуствуваат дека постои разлика, да именувате 28 играчи кои немаат сигурно место, но ако ги повикате сигурните 23 и уште петмина како резерви, мислам дека сите ќе ја знаат својата улога“, изјави Саудгејт.

Селекцијата на Англија одигра нерешено 1:1 против Италија, додека Саудгејт ќе мора да го предаде преелиминираниот список од 35 играчи до 14 мај, а конечниот 23 играчи до 4 јуни, два дена после пријателскиот натпревар против Нигерија.

Англија на Светското првенство ќе игра во групата Г со Белгија, Тунис и Панама.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вест за Гвардиола направила хаос во Сити, Пеп морал да се извинува!

Тренерот на Манчестер Сити е во гнев бидејќи веста за неговото заминување од клубот се раш…