Италијанскиот струќњак Маурицио Сари го даде првото интервју од именувањето за нов менаџер на Челси.
Сари, пред се му се заблагодари на поранешниот клуб Наполи, а потоа продолжи за својот нов клуб и лигата во која доаѓа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За почеток, им благодарам на Наполитанците кои претходните три години ми помогнаа на сите можни начини. Ќе ги сакам засекогаш.“ – изјави Сари и продолжи:
„Челси има добар тим, но проблем е што во Англија постојат уште пет-шест такви екипи. Со една или две промени ќе се обидеме да го играме фудбалот кој го сакам. Драго ми е што ќе се натпреварувам со Клоп, Покетино, Гвардиола, Мурињо и останатите. Целиот тренерски крем е во Премиер лигата.“
Маурицио Сари ги потсети новинарите дека неговиот англиски за сега е доста лош и ги замоли за трпение ветувајќи дека ќе се подобри.
„Мојот англиски не е добар, а почнав да учам пред 30 години. Меѓутоа, од тогаш сум го целосно заборавил.“