Еден Азар игра уште една фантастична сезона во дресот на Челзи и синоќа со два гола му донесе важни три бода на мечот против Вест Хем.
Меѓутоа, се погласни се шпекулациите дека Азар на крајот на сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ и ќе се пресели во Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Челзи прави се за да го задржи Белгиецот во своите редови, но по се изгледа е ставен пред „свршен чин“, бидејќи Азар одбива да го продолжи договорот кој му истекува во 2020 година.
Тоа значи дека ова ќе биде последна можност за „сините“ да заработат на неговиот трансфер, бидејќи следното лето Азар ќе биде слободен агент.
Реал Мадрид е подготвен да го купи во летниот преоден рок за 100 милиони фунти. Тренерот Маурицио Сари тврди дека таа сума е мала за играч како Азар, но признава дека Челзи тешко ќе може да го задржи.
„Искрено, тоа е премногу малку за ваков играч. Во ваков луд трансфер пазар, тоа е премалку за Азар. Немам идеја колку вреди Азар, но со оглед на тоа што го видовме на трансфер пазарот во последно време, тој вреди многу повеќе од други фудбалери“, истакна Сари.
„Мислам дека е многу тешко да се замени Азар бидејќи тој многу високо го постави нивото. Евентуално да се замени со двајца играчи. Јас не можам да направам ништо за да го задржам. Доколку Азар сака да си оди, доколку сака ново искуство, тешко ќе биде клубот да го задржи“.
„Ние ќе се обидеме да го убедиме дека се обидуваме да направиме еден од најдобрите клубови во Англија и да бидеме кандидати во Европа, но мислам дека ќе треба да ја почитуваме неговата одлука“, додаде италијанскиот стратег.