Дома Фудбал Италија Сари по ремито: Сасуоло може да стане Аталанта

Сари по ремито: Сасуоло може да стане Аталанта

Јувентус вчера против Сасуоло водеше со 2:0 после само 12 минути, но на крајот со голот на Алекс Сандро во 64 минута „старата дама“ освои само бод (3:3).

На пет кола пред крајот на првенството Јувентус има шест бодови на врвот во однос на второпласираната Аталанта и осум повеќе од Лацио, Интер заостанува девет бода, но има и натпревар помалку против СПАЛ кој ќе го одигра вечерва.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Јувентус ова беше трет натпревар без победа после поразот од Милан 4:2 во кој исто така водеше со 2:0 и ремито со Аталанта 2:2 до кое едвај стигнаа.

„Игравме против тимови кои се во одлична форма и Сасуоло не е исклучок. Победија на четири натпревари во низа и ако се консолидираат можат во иднина да станат Аталанта“, изјави Сари па зборуваше за својот тим.

„На моменти чувствувам дека овој тим има огромен потенцијал, а на моменти останувам збунет бидејќи прелесно му дозволуваме на противникот да влезе во шеснаесетникот. Мораме да пронајдеме рамнотежа, а тоа не е лесно“, смета италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…