Вчера тимот на Челзи доживеа вистинска катастрофа против Бурнемоут, „сините“ беа поразени со убедливи 4:0.
Избраниците на Сари на „Виталити“ пристигнаа како фаворити и очекуваа три бода, но теренот го напуштија со наведнати глави.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бурнемоут им одржа вистинска лекција по фудбал и ги испрати со „покер“. За Челзи ова беше прв пат уште од 1996 година во Премиер лигата да изгуби натпревар со четири гола разлика.
Сари после тешкиот пораз бил толку бесен што превзема драстични мерки.
Имено, Италијанецот го изнел персоналот од соблекувалната и ги заклучил фудбалерите во соблекувалната и имал разговор со фудбалерите цели пеесетина минути.
Подоцна тој откри и што му била намерата.
„Сакав да бидам сам со играчите и да зборувам насамо со нив. Морав да разберам зошто бевме различни во првото и второто полувреме. Тоа беше еден разговор помеѓу играчите и тренерот, одговорот морам да го добијам“, откри Сари.
https://www.youtube.com/watch?v=2P7BCuszaiM