Една од најголемите желби на Маурицио Сари во летниот преоден рок беше дефанзивецот на Јувентус и италијански репрезентативец, Даниеле Ругани.
Двата клуба беа во поодминати преговори и трансферот беше пред реализација, но заминувањето на Калдара во Милан ги натера челниците на Јувентус да се предомислат и го задржаа Ругани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, преговорите за нов договор се во застој, а Сари не се откажува од идејата да го донесе Ругани на „Стенфорд Бриџ“, особено поради фактот што дефанзивецот не добива голема минутажа во Јувентус.
„Челзи на сите начини се обиде да го донесе Ругани, но на крајот Јувентус ја процени ситуацијата и одлучи да го заджи. Ќе разговаравме за продолжување на договорот, но не кријам дека Челзи нудеше многу добри услови и се уште го сака играчот“, откри агентот на Ругани.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен во јануари да ги обнови преговорите за трансфер на Ругаини.