Дома Фудбал Италија Сари: Игуаин е единствениот играч со кој се расправам

Сари: Игуаин е единствениот играч со кој се расправам

Маурицио Сари и Гонзало Игуаин имаа долги години соработка, двајцата соработуваа во Наполи, во Челзи и сега во Јувентус, меѓутоа сега Сари призна дека се расправа со Аргентинецот.

Сари пред натпреварот со Милан кој е на програмата утре изјави дека Игуаин е единствениот играч со кој се расправа.

„Гонзало како да има потреба да се расправа со мене. Можеби така може да се мотивира и да го извлече најдоброто себе. Со други играч не сум влегол во конфликт, тој е единствен“, изјави Сари.

Милан и Јувентус натпреварот од Серија А го играат утре со почеток од 21:45 часот, а Сари во овој натпревар не ќе може да смета на Дибала и Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …