Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари изрази јавна поддршка за својот колега од Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо и тоа пред големото дерби кое на програмата е утре во Премиер лигата.
Сари повика на поголем респект кон Португалецот, кој веќе подолго време е мета на критики поради слабите игри и резултати на „црвените ѓаволи“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Зборуваме за тренер кој освоил се. Мурињо освојуваше титули секаде, па мислам дека заслужува голем респект. Мислам дека и сите виде треба повеќе да го респектирате. Тој е еден од најдобрите во светот“, изјави Сари.
„Малку сум изненаден од резултатите на неговиот тим, но тоа може да се случи. Мислам дека ќе се подобрат многу во Премиер лигата, се уште е многу рано. Јунајтед го има еден од најдобрите тимови во лигата и сигурно ќе ни биде многу тешко утре“, заклучи Италијанецот.