Дома Фудбал Италија Сари ги шокира фановите: Роналдо и Дибала не можат да играат заедно!

Сари ги шокира фановите: Роналдо и Дибала не можат да играат заедно!

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари зборуваше за „Скај Спорт“ пред утрешниот меч со Милан во полуфиналето од Купот.

Сари, призна дека од тактичка гледна точка, тешко е за врвни играчи како Пауло Дибала и Кристиано Роналдо да играат на теренот во исто време.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Дибала е феноменален играч и нашата единствена тешкотија е што не е лесно да се вклучат двајца нестандардни играчи како него и Роналдо во исто време. Но, тие секогаш можат да направат разлика. Тешко е од тактичка гледна точка да се користат во исто време, но кога имаме двајца играчи од оваа класа, остатокот од тимот мора да се прилагоди на нивниот стил“, истакна Сари.

Што се однесува до продолжувањето на сезоната Сари смета дека во ваква ситуација нема фаворит за Скудетото.

„Во ваква ситуација не можеме да зборуваме за фаворити за Скудетото. Сите тимови можат да загубат бодови во секој натпревар. Најважно е да ја завршиме сезоната, да внимаваме на здравјето и на протоколите. Не е пријатно да се игра пред празен стадион, но тука доаѓа до израз силата на еден тим“, истакна Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблем за Саутгејт: Англија остана без еден голман за Европското првенство

Голманот на Кристал Палас, Сем Џонстон нема да може да конкурира за репрезентацијата на Ан…