Дома Фудбал Англија Сари го критикуваше дека не е лидер, сега стигна одговорот од Азар

Сари го критикуваше дека не е лидер, сега стигна одговорот од Азар

azar

Белгискиот репрезентативец и прва ѕвезда на Челзи, Еден Азар после вчерашниот натпревар против Тотенхем му возврати на тренерот Маурицио Сари.

Челзи вчеа го порази Тотенхем и се пласираше во финалето на Лига Купот, а пред овој натпревар италијанскиот стратег на клупата на „сините“ зборуваше за Еден Азар и во таа прилика порача дека тој не е лидер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Еден од новинарите го запраша Белгиецот дали таа изјава дополнително го мотивира, а Азар одговори дека не му е важно што Сари зборува.

„Не ми е важно што тренерот зборува. Сакам само да играм фудбал и среќен сум“, изјави Азар после натпревар.

Иначе, Азар против Тотенхем беше избран за играч на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…