Дома Трансфер зона Сари во јануари сака да ја реши најголемата „болка“ – класичен напаѓач

Сари во јануари сака да ја реши најголемата „болка“ – класичен напаѓач

sari

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари е одлучен во јануари да го реши најголемиот проблем во неговиот тим – класичен напаѓач.

„Сините“ играат навистина одлично оваа сезона и се без пораз, но класичните напаѓачи не се за пофалба. Жиру и Мората заедно постигна три погодоци, односно сите три беа дело на Мората.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жиру повеќе асистира, но јасно е дека на Сари му е потребен гол-играч и во јануари изгледа тоа ќе биде неговата главна цел.

Според информациите од Островот, Сари гледа кон Серија А, а таму е воодушевен од Пиатек кој за Џенова во досегашниот дел од првенството постигна девет погодоци.

Второто име на листата е навистина спектакуларно – Мауро Икарди! Сепак, тешко е да се верува дека Интер ќе се откаже од својаот капитен во Јнаури, а доколку има некакви шанси тоа да се случи на „сините“ потребна им е висока понуда.

Ќе потсетиме изминатото лето Икарди многу се поврзуваше со Реал Мадрид кој оваа сезона има проблем со ефикасноста, па не е исклучена можноста „кралевите“ да се вратат по Аргентинецот.

Поради ваквата ситуација, многу по реално е Челзи да го нападне Пиатек од Џенова кој е најголемото пријатно изненадување во Европа оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…