Три месеци после заминување од Јувентус, Маурицио Сари се уште не може да се договор со клубот за раскинувањето на договорот, пренесуваат италијанските медиуми.
Искусниот тренер доби отказ на почетокот на август после елиминацијата од Лион во Лигата на шампиони, но се уште е под договор со „старата дама“ до 2022 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот треба да издвои вкупно 20 милиони евра за отштета за Сари и неговите асистенти, па сака со преговори спогодбено да го раскине договорот и така да исплати помала сума пари.
На Сари му одговара да го раскине договорот со „бјанконерите“ бидејќи во моментов не може да седне на клупата на друг клуб, а интерес за него покажува Фиорентина.
Меѓутоа, тренерот не сака да прави отстапки и сака да ја добие целата сума од договорот, па поради тоа е спремен оваа година да паузира.