Дома Фудбал Сардинија не памети вакво нешто: Каљари игра атмонски фудбал (видео)

Сардинија не памети вакво нешто: Каљари игра атмонски фудбал (видео)

Тимот на Каљари продолжува со фантастичните партии и денес до врв ја наполни мрежата на Фиорентина (5:2).

Каљари дефинитивно е најпријатното изненадување оваа сезона во Серија А и со денешната победа се искачи на третото место на табелата, во исчекување на останатите резултати.

Серијата голови на Сардинија ја отвори Рог во 17-та минута, а до крајот на полувремето погодија уште Писакане и Симеоне за Каљари.

Домаќините не застанаа тука и до 65-та минута веќе имаа предност од 5:0 со головите на Жоао Педро и Наинголан (кој запиша и три асистенции) во второто полувреме.

Во последните петнаесет минути Фиорентина постигна два гола преку Влаховиќ и го ублажи поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас тоне на дното: Томас Франк прв избор за спас на сезоната

По седум порази во десет кола, Пјер Саж е пред отказ во Кристал Палас. Според „Скај спортс…