Дома Фудбал Германија „Сапуница“ Левандовски: Баерн не крева на телефон, Барса испрати понуда по пошта

„Сапуница“ Левандовски: Баерн не крева на телефон, Барса испрати понуда по пошта

Челниците на Баерн ги прекинаа сите контакти со Барселона околу евентуалниот трансфер на Роберт Левандовски на Камп Ноу.

Германските медиуми пишуваат дека никој во Минхен не одговара на повиците од Барселона, а Каталонците се иритирани од односот на нивните колеги.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона наводно дури ја испратила понудата до Минхен со „Бурофакс“, тип на препорачана пошта доставена преку шпанската пошта, бидејќи Баварците не одговорат на повиците на спортскиот директор на шпанскиот гигант Матео Алемани.

Баерн има нарушени односи и со агентот Пини Захави и нема комуникација со него, а Левандовски инсистира да се пресели на „Камп Ноу“.

Полјакот има договор со Барселона и е спремен дури да ги бојкотира почетокот на летните подготовки со Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …