Дома Кошарка Сан Антонио ги изненади Вориорси, пораз за Јокиќ и Денвер од Бостон 🎥

Сан Антонио ги изненади Вориорси, пораз за Јокиќ и Денвер од Бостон 🎥

Најголемото изненадување во вечерта во НБА го приреди тимот на Сан Антонио Спарс кој беше подобар од третопласираниот тим на истокот Голден Стејт.

Сан Антонио Спарс славеше изминатата вечер против Голден Стејт на свој терен со 108:110. Можеби се очекуваше победа на фаворитот на хартија, но гостите прикажаа добра игра во сите четвртини и заслужено запишаа триумф. Најдобар во победничкиот табор беше Ричардсон со 25 поени, додека Мареј додаде 19 поени. На спротивната страна Пул постигна 28 поени, а Клеј Томпсон четири помалку.

Денвер на Никола Јокиќ беше поразен од Бостон Селтикс на свој терен. Српскиот повторно беше најдобар поединци во редовите на Денвер но неговите 23 поени, 8 скока и 4 асистенции не беа доволни за Денвер да го избегне поразот.

Бостон до победата беше предводен од Браун и Татум, двајцата имаа по 30 поени и 6 скокови со тоа што Татум додаде и уште 7 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – Јута 93:108, Денвер – Бостон 104:124, Голден Стејт – Сан Антонио 108:110, Филаделфија – Торонто 88:93.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Гудуриќ во Звезда, Батлер во Олимпијакос? Белграѓани го пресекоа грчкото сценарио

Од Грција пристигна информација за тројна размена со Милано, но Црвена звезда категорично …