Дома Трансфер зона Санчо со последната изјава стави крај на сагата со трансферот во Јунајтед

Санчо со последната изјава стави крај на сагата со трансферот во Јунајтед

Eдна од главните трансфер теми до сега во преодниот рок беше можниот трансфер на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед.

Од Јунајтед долго време тврдеа дека се чека само моментот кога Санчо ќе стане нивни играч, меѓутоа потоа дојдоа припремите на Борусија, рокот истече и Санчо не замина од редовите на „милионерите“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дел од навивачите на Манчестер Јунајтед можеби се уште веруваа дека Санчо може да стане играч на „црвените ѓаволи“, но сега и самиот играч го најави своето останување во Борусија.

„Среќен сум во Борусија и мило ми е што ќе предводам млади играчи бидејќи и самиот бев во нивна кожа“, изјави Санчо.

Со оваа изјава веројатно се става и крај на шпекулациите дека Санчо може да заврши во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…