Дома Фудбал Останато Санчо на 20 години и Меси и Роналдо на иста возраст: Бројките на Санчо се доминантни!

Санчо на 20 години и Меси и Роналдо на иста возраст: Бројките на Санчо се доминантни!

Младиот англиски фудбалер на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо важи за еден од најталентираните фудбалери во светот и него му се предвидува блескава иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Очекувањата се Санчо на лето да направи богат трансфер, а посебен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата.

Вчера тој наполни 20 години, па тоа беше прилика медиумите на Островот да ја споредат неговата статистика со она што го направиле Роналдо и Меси на негова возраст.

Санчо до сега во кариерата одиграл 90 натпревари, постигнал 31 гол и запишал 42 асистенции. Роналдо и Меси имаат многу послаб учинок. Аргентинецот на 70 натпревари постигнал 26 гола и асистирал осум пати, додека Роналдо на 107 натпревари постигнал 16 голови и запишал исто толку асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Толку беше: Нејмар веќе нема да игра за Бразил, заминува како најдобар стрелец!

Нејмар објави дека се повлекува од репрезентативната кариера по елиминацијата од Светското…