Дома Фудбал Санчез спреми нов имиџ за Барселона – изгледа како „Ел Чапо“ (ФОТО)

Санчез спреми нов имиџ за Барселона – изгледа како „Ел Чапо“ (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва играат на гостински терен против Барселона во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ веруваат дека можат да направат уште едно изненадување и да се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување, иако во првиот натпревар на свој терен беа поразени од Каталонците со 1:0.

Оле Гунар Солскјер може да смета на неколкумина играчи кои го пропуштија првиот натпревар, а еден од нив е и Алексис Санчез кој после пет години се враќа на „Ноу Камп“ каде што некогаш настапуваше во дресот на Барселона.

Алексис веќе некое време не е во плановите на норвешкиот стратег, но се најде во конкуренција за овој натпревар. Чилеанецот вчера одработи тренинг, а многу внимание привлече со својот нов имиџ.

Санчез објави фотографија на која има бркови. Соиграчите дофрлаа шеги на негова сметка, а најмногу внимание привлече Андер Ерера која се огласи на Инстаграм. Тој ја коментираше фотографијата на Алексис и му порача дека изгледа како мексиканскиот наркобос, Ел Чапо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…