Манчестер Јунајтед оваа зима барем на финансиски план одработи одлична работа.
Имено, „црвените ѓаволи“ објавија дека најновото засилување Алексис Санчез го срушил рекордот по бројот на продадени дресови од доаѓањето на „Олд Трафорд“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чилеанецот пристигна од Арсенал овој јануари и продаде три пати повеќе дресови од претходниот рекорд на клубот од Манчестер.
Освен овој профитабилен учинок, 29 годишникот според зборовите на потпретседателот Ед Вудворд овој трансфер предизвикал и огромен интерес на друштвените мрежи.
„Овој трансфер беше најголема објава на Инстаграм со повеќе од два милиони лајкови и коментари. Исто така статусот на Фејсбук беше споделен најмногу пати во историјата на клубот, а твитот беше најмногу пати ре-твитуван“, изјави Вудворд.