Дома Фудбал Англија Санчез против Валенсија ги нервивал навивачите на секои три минути

Санчез против Валенсија ги нервивал навивачите на секои три минути

Иако во јануарскиот преоден рок како големо засилување пристигна на „Олд Трафорд“, Алексис Санчез не е ниту блиску до очекувањата кои од него ги имаа навивачите.

Чилеанецот доби шанса против Валенсија во Лигата на шампионите, но Мурињо го замени на 15-тина минути пред крајот. На оваа средба Санчез имаше навистина очајна статистика.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Статистичарите пресметаа дека поранешниот напаѓач на Барселона на овој натпревар ја изгубил топката дури 26 пати и кога ќе се земе предвид дека одигра 75 минути, доаѓаме до заклучок дека во просек ја губел топката на секои три минути!

Навивачите од поодамна не се задоволни, а во анкетите на социјалните мрежи го изгласаа за најлошото засилување за клубот во последните 10 години, па не би било чудно доколку набрзо Санчез ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…