Дома Трансфер зона Санчез откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата!

Санчез откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата!

Медиумите од Франција денеска пренесуваат вести дека Алексис Санчез открил каде сака да ја продолжи својата кариера.

Името на клубот што го одбрал и не е толку изненадувачко. Станува збор за Баерн Минхен, клуб каде што сигурно ќе има можност да освои многу посакувани трофеи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно е дека Арсенал повеќе би сакал да го продаде Санчез на Германите отколку на своите ривали Челзи и Манчестер Сити. „Le Parisien“ тврди дека Алексис го направил редоследот на клубовите на кои би сакал да се приклучи, а таа листа изгледа вака: Баерн Минхен, Манчестер Сити, ПСЖ, Челси и Интер.

Француските весници тврдат дека Чилеанецот дефинитино одлучил да ги напушти „топчиите“ на крајот на сезоната, со оглед на тоа што одбил да го продолжи договорот со кој би станал најплатен фудбалер во историјата на лондонскиот клуб.

Арсенал ќе бара 40 милиони евра за својот најдобар фудбалер, иако Арсен Венгер изјави дека Алексис дефинитивно останува и следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус спрема понуда за Каземиро

Бразилскиот репрезентативец Каземиро не е задоволен на „Олд Трафорд“ и на лето сака д…